Нема крај на маките на Ливерпул: Фримпонг паузира неколку недели

30.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нема крај на маките на Ливерпул: Фримпонг паузира неколку недели

Тимот на Ливерпул е во голема играчка и резултатска криза, а како да му се малку ваквите маки на тимот, сега има проблем и со повредата на стандардниот дефанзивец.

Џереми Фримпонг нема да може да настапи минимум месец и половина, затоа што на дуелот од Лигата на Шампионите против Ајнтрахт тој се повреди и оттогаш не е во комбинација.

Денешните пак вести на оваа тема, велат дека дополнителните прегледи врз дефанзивецот не носат дорби вести, напротив.

Во периодот кој што следува Ливерпул игра против Астон Вила, па потоа против Реал Мадрид во ЛШ, за да пред репрезентативната пауза оди на Манчестер Сити.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата