Некогашната ѕвезда на Реал се пресели во САД

6.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Некогашната ѕвезда на Реал се пресели во САД
фото: Minnesota United FC @MNUFC (X)

Минесота на својата веб-страница објави дека потпишале договор со Хамес Родригез. 34-годишниот Колумбиец првично потпиша договор кој важи до летото, по што клубот може да го продолжи до декември.

Спортскиот директор Халед Ел-Ахмад го поздравува доаѓањето на поранешниот играч на Реал Мадрид, кој може да додаде важна димензија на тимот.

„Хамес е играч чиј квалитет, визија и искуство на највисоко ниво се неоспорни. Воодушевени сме што ја внесуваме неговата креативност и фудбалска интелигенција во тимот. Во исто време, оваа промена е за колективна сила – а не за префрлање на сè на еден играч. Веруваме дека Хамес може да додаде важна димензија на тимот, а нашиот фокус е на негово правилно интегрирање за да може да придонесе за подигнување на тимот“, се вели во клупската порака.

Родригез е без клуб од почетокот на годината, кога го напушти Леон во Мексико.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата