Јасно е дека Нејмар, без разлика што во последните години не е во таа форма како порано, сепак станува збор за мега – ѕвезда и секоја негова изјава се коментира.Нејмар моментално е на заслужен одмор и даде интервју кое привлече големо внимание.
Имено, Нејмар зборуваше за моменталната состојба во фудбалот и коментираше што се случува на големата сцена. Со еден одговор, тој успеа да предизвика огромно изненадување кај фудбалската јавност и да го навлече гневот на навивачите на Барселона. Новинарот го праша Нејмар кој според него е најдобриот играч од средниот ред во светот во моментов, а многумина очекуваа да го посочи Педри, кој игра фантастично во дресот на Барселона, но Бразилецот го избра младиот играч на Реал Мадрид – Арда Ѓулер.
„Арда Ѓулер е неверојатен играч. Има квалитет и тоа е јасно видливо. Мислам дека тој моментално е најдобриот играч од средниот ред во светот“, рече Нејмар.
Секако, навивачите на Реал ја поздравија изјавата на поранешната ѕвезда на Барселона со ентузијазам, но навивачите на каталонскиот клуб не.
Навивачите на Барселона и Нејмар немаат добри односи од летото 2017 година кога тој одлучи да го напушти клубот и да оди во ПСЖ, што на крајот се покажа како голема грешка. Нејмар ги помина најдобрите денови од својата кариера во Барселона и го воодушеви фудбалскиот свет играјќи во офанзивата со Меси и Суарез.

