Наскоро Компани и Баерн добиваат екстра засилување!

18.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Наскоро Компани и Баерн добиваат екстра засилување!
ФОТО: FC Bayern München/FB

И тоа како убави вести за Венсан Компани и за сите во Баерн Минхен. Еден од најдобрите фудбалери на баварскиот гигант, заздравува од повредата и наскоро ќе за најде на терен.

Тоа е Алфонсо Дејвис (24), кој би можел да игра за тимот дури и пред крајот на 2025 година, што е „малку порано“ од првично планираното, изјави тренерот Венсан Компани.
„Медицинскиот тим и Алфонсо Дејвис одлично работат. На почетокот се надевав дека ќе се врати на почетокот на јануари, но сега изгледа дека може да биде порано. Ако може да одигра неколку натпревари во декември, тоа би бил огромен успех за сите. Ако сè продолжи вака, можеби ќе го имаме Алфонс Дејвис во одлична форма некаде во декември“, соопшти Баерн.
Инаку Дејвис е надвор од терените неколку месеци поради руптура на предниот лигамент на десното колено, што го доби кон крајот на март.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата