Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Направен е првиот чекор за кам-бекот на Меси во Барселона!

29 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Лионел Меси и натаму е главна тема. Аргентинецот на крајот на сезоната ќе стабе слободен играч, неговиот договор со ПСЖ истекува, а според најавите има голема шанса да се врати во Барселона.

Каталонското радио потврди дека таткото на Лео, Хорхе Меси закажал со првиот човек, Жоан Лапорта.

„Потврдено е. Враќањето на Лионел Меси во Барселона повторно е активна приказна. Таткото на Лео, Хорхе Меси побарал да има сосотанок со Жоан Лапорта и веќе се е договорено. На состанокот ќе бидат договорени детали за договорот пред да биде ставен потписот“, соопшти каталонското радио.

Ако Меси се врати во дресот на тимот за кого настапува од 13-годишна возраст, тоа сигурно би било за помала плата од таа што ја добива во ПСЖ, бидејќи каталонскиот гигант нема толкава голема финансиска моќ.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ