Наполи го казни Лукаку со 150.000 евра

21.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Наполи го казни Лукаку со 150.000 евра
ФОТО: Belgian Red Devils/FB

Проблемите кои што тимот на Наполи ги има со 32. годишниот белгиски интернационалец Ромелу Лукаку, добиваат нов момент. И официјално напаѓачот е казнет од страна на клубот со 150.000 евра квивалент на 20% од неговата бруто месечна плата, затоа што тој не се врати на време во клубот на повик на надлежните.

Односно, своеволно, Лукаку одлучи да го продолжи лекувањето на повредата во својата родна Белгија, и се врати во Наполи пред само два дена. Откако ја дозна казната и имаше разговор со спортскиот директор Џовани Мана, тој доби одобрение да се врати во Белгија уште две недели. Поточно во Антверпен и да го финишира лекувањето на тешката повреда која што го оддалечи од терените скоро шест месеци.

Во меѓувреме, во италијанските медиуми се повеќе се зборува дека Наполи одлучил да се раздели со Лукаку на крајот од сезоната. Непосредно пред почетокот на оваа сезона, тој доживеа сериозна повреда на бутот, што го ограничи на само 64 минути одиграни во седум натпревари, во кои постигна еден победнички гол.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата