Напаѓачот кој предизвика скандал на СП, бил понуден на Тотенхем!

6.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Напаѓачот кој предизвика скандал на СП, бил понуден на Тотенхем!
фото: FIFA World Cup Stats @alimo_philip (X)

Ете, и тоа го има. Како што тврди „Сан“, американскиот напаѓач Фоларин Балогун му е понуден на Тотенхем преку посредници. Американецот, кој беше во центарот на голем скандал за време на Светското првенство во 2026 година, има неизвесна иднина во Монако. Балогун беше исклучен со директен црвен картон во 1/16 финалето против Босна и Херцеговина, но му беше дозволено да игра на следниот натпревар против Белгија.
Колку за потсетување, Балогун цели пет години беше дел од младинската академија на Арсенал, клуб кој што е најголем ривал на Тотенхем. Јасно е дека Тотенхем тешко дека ќе се одлучи да го ангажира репрезентативецот на САД, сепак ПЛ е нешто посебно за играч со неговите квалитети а и по се она што Трамп и Инфантино “направија“ за него.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата