„На полувреме отидов да го прошетам кучето! Што се случи во Манчестер?“ (ФОТО)

16.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„На полувреме отидов да го прошетам кучето! Што се случи во Манчестер?“ (ФОТО)
ФОТО: Manchester United/FB

Синоќа на “Олд Трафорд“, Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа епски натпревар, кој на крајот заврши со резултат 4:4. Тоа беше натпревар кој Џејми Карагер, поранешниот капитен на Ливерпул, го нарече најдобриот натпревар во сезоната, а Би-Би-Си го нарече „класика“.
„Тукушто го видовме најдобриот натпревар во сезоната и тоа е она што ја прави Премиер лигата најголема лига, најголем производ, како и да сакате да го наречете, во светот. Не сакавме натпреварот да заврши и чувствувавме дека ниту судијата не сакаше“, изјави Џејми Карагер за Скај Спортс по натпреварот.

Едвин ван дер Сар, легендарниот голман на Манчестер Јунајтед, исто така го коментираше натпреварот на X.

Го прошетав кучето на кратко на полувремето. Што се случи во Манчестер?“ напиша познатиот Холанѓанец, шокиран од резултатот што го пречека по неговото враќање дома пред ТВ.

Со овој бод, Манчестер Јунајтед скокна на шестото место на табелата. Тие имаат 26 бода, исто колку и петтопласираниот Кристал Палас. Борнмут е на 13-та позиција со 21 бод.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата