Мурињо воведува строга дисциплина во Реал Мадрид: Ова се трите нови правила

8.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мурињо воведува строга дисциплина во Реал Мадрид: Ова се трите нови правила
фото: Record (X)

По пристугнувањето во Реал Мадрид, Жозе Мурињо ја процени ситуацијата и веднаш воведе промени. Заклучи дека на клупскиот центар му се потребни построги правила и негов личен печат. Воведе построга контрола врз сите аспекти што влијаат на формата на играчите, од исхраната и закрепнувањето до точноста на пристигнувањата во кампот, објавува Ас.

Неговиот пристап не се базира на сила, туку на решителност и јасни принципи, а тој смета дека единството е клучно. Ова го потврдува и неодамнешната клупска фотографија каде целиот тим и тренерскиот персонал ручаат заедно што досега не беше обичај. Португалецот верува дека таквата рутина е клучна за градење на тимскиот дух, а оваа практика ја користел и во Бенфика.

Извори од клубот наведуваат: „Тој сака да поттикне заедништво и единство и засега изгледа ветувачки“. Друг извор додава дека „атмосферата е многу, многу добра“. Ваквите пораки се сметаат за важни, особено по напнатиот крај на минатата сезона.

Одлучноста на Мурињо е особено евидентна во неговата нова диета. Нутриционистот повеќе не е само консултант, туку лице кое пропишува строги менија за појадок и ужина. Сè е подредено на постигнување врвни резултати, без простор за индивидуални желби. Со ова се укина слободата на играчите да го изберат својот оброк, што, според информациите, не предизвика отпор во соблекувалната.

Новите правила за казнување не предизвикаа незадоволство. Недисциплината повеќе не се казнува финансиски, но играчот кој го прекрши правилото мора да прави самостоен тренинг во теретана, одвоен од тимот. Правилото диктира дека сите играчи мора да бидат еден час пред почетокот на тренингот, а ќе има казна за доцнење. Правилото важи подеднакво за сите, без оглед на статусот на поединечниот играч во тимот.

Третманите надвор од клубот повеќе не се дозволени, бидејќи целиот процес се управува во договор со медицинската служба на клубот. Така, опоравувањето престанува да биде индивидуална работа на играчот и е под построга контрола на клубот. За Жозе Мурињо, високите стандарди важат за секој аспект од професионалниот живот, не само на теренот.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата