Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Мурињо се подготвува за преземање на Баерн, почнал да учи германски

11 февруари 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Жозе Мурињо е заинтересиран да работи во Германија и според дел од медиумите е голем фаворит за тренер на Баерн (М).

Новинарот на Билд, Кристијан Фалк, објави дека 61-годишниот португалски стратег сака да го води клубот од Минхен, но се уште ја очекува понудата од Баварците.

„Слушнав дека учи германски. Тој флертуваше со раководството на Баерн и во минатото. Би бил подготвен да го води тимот следната сезона“, вели Фалк.

Португалецот е невработен откако во јануари доби отказ од Рома. Баерн е втор на табелата во Бундеслигата, со пет бода помалку од Баер Леверкузен, откако загуби од Леверкузен со 0-3. Томас Тухел со губење на титулата најверојатно ќе го загуби и тренерското место во тимот.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ