Мурињо: Мбапе е неверојатен, а “Бернабеу“ е поубав отколку што беше!

27.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мурињо: Мбапе е неверојатен, а “Бернабеу“ е поубав отколку што беше!
ФОТО:.facebook.com/RealMadrid/

Мбапе, Мбапе, Мбапе + Вини за “два од два“ за “Кралевите“. По победата над Еспањол на отворањето на новата сезона, Реал Мадрид го надигра Реал Сосиедад синоќа на Сантијаго Бернабеу и славеше со сигурни 4:1.
Тимот на Жозе Мурињо не се истакна во првото полувреме, но во второто го „скрши“ противникот и оствари заслужена победа.
Феноменална игра пружи Килијан Мбапе, кој постигна три гола, а по средбата, харизматичниот португалски стручњак зборуваше за неговиот настап:
„Мбапе беше неверојатен. Сите знаеме за неговата способност да постигнува голови, но она што ме импресионираше беше она што го прави кога тимот се мачи. Се повлекува, се поврзува со остатокот од тимот, сè за да можеме да добиеме предност и да создадеме закана пред голот. Беше одлична игра со многу квалитетни индивидуални настапи“, рече Мурињо по натпреварот.

Новинарите потоа го замолија португалскиот стручњак да ги спореди Кристијано Роналдо и Мбапе.
„Гледате, не сакам да споредувам играчи, но Мбапе е неверојатен. Многу сум среќен што тој влезе во историјата на Светското првенство бидејќи има 25 играчи кои го освоиле Светското првенство, но има само еден за вечноста на фудбалот, оној со најмногу голови“, рече Мурињо, а потоа додаде:

„Тој е гладен да влезе во историјата со Реал. Освен Килијан, видов добар тим и покрај тешкотиите во првото полувреме. Знаевме како да играме, да чекаме, да останеме смирени и компактни. Успеавме да ја задржиме топката и во второто полувреме го активиравме. Килијан е неверојатен играч и дали ќе постигне 50 или 60 гола како Роналдо? Би претпочитал 40 со многу напорна работа за тимот и трофеи отколку 60 само за себе. Многу сум задоволен од него“.
Харизматичниот португалски стручњак зборуваше и за неговото враќање на Сантијаго Бернабеу.
„Бернабеу е уште поубав е отколку што беше. Победата е фантастична. Пред натпреварот бев смирен, поминаа многу години. Имам одлични играчи кои ми дозволија да уживам како тренер и како некој што го сака фудбалот“, заклучи Мурињо.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата