Му се заканија со отказ, па Мурињо го прегази Каљари на гости (ВИДЕО)

8.10.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Му се заканија со отказ, па Мурињо го прегази Каљари на гости (ВИДЕО)

Фудбалерите на Рома славеа на гостувањето кај Каљари со 4:1 и успеаја за момент да ја смират ситуацијата по низата лоши резултати од почетокот на сезоната. Пред мечот италијанските медиуми пишуваа дека Жозе Мурињо ќе добие отказ доколку не победи во Каљари, а тимот одговори на најдобар можен начин.

Рома во 19. и 20. минута успеа да постигне два гола и да го јанави триумфот на Сардинија. Најпрво Оар ја искористи асистенцијата на Спинацола и погоди за 0:1, а во следниот напад Лукаку погоди за 0:2.

Лоша вест за Мурињо беше повредата на Дибала кој мораше да го напушти теренот во 40. минута кога беше заменет со Белоти. Токму Белоти го постигна голот во 51. минута по асистенција на Паредес за убедливи 0:3. Рома ја потврди победата со вториот гол на Лукаку во 59. Минута по асистенција на Паредес, а домашните до крајот само постигнаа почесен гол од пенал преку Нандез.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата