Може ли Бекам да ги спои во ист тим Меси и Роналдо?!

3.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Може ли Бекам да ги спои во ист тим Меси и Роналдо?!
ФОТО: X

Лео Меси и Кристијано Роналдо се мега – ѕвездите на светскиот фудбал веќе две децении. Фановите си имаат свои фаворит, Лео или Кристијано, но според последните инсајдерски информации, посебно по се она што му се случува на Португалецот во С.Арабија, сега на потег е Дејвид Бекам.

Зошто?

Ко-сопственикот на Интер Мајами, Дејвид Бекам, се смета за човекот кој би можел да го оствари сонот на многумина и да ги спои Лионел Меси и Кристијано Роналдо во ист тим. Двајцата најголеми фудбалери на сите времиња се жестоки ривали со години, но никогаш не играле заедно. Таа идеја сепак би можела да се оствари, бидејќи Роналдо се повеќе се поврзува со преселба во МЛС откако наводно штрајкувал во Ал-Наср од Саудиска Арабија, објави Goal.com.
Португалската ѕвезда наводно е фрустрирана во Саудиската професионална лига. Се тврди дека е разочаран од начинот на кој се води лигата и нееднаквата распределба на средствата за трансфери, поради што одбил да се натпреварува за тимот. Прашањето за неговиот следен чекор неизбежно се поставува, а се шпекулира дека CR7 бара нов предизвик.
Се споменува враќање во Европа за поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус, но исто така има сè повеќе гласини дека би можел да му се придружи на Меси во остварувањето на „американскиот сон“. Доколку тоа се случи, Бекам и Мајами несомнено би биле во трка за неговиот потпис.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата