Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Мохамед Салах: Тотално сум разочаран

26 мај 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Наместо да се бори за највисок пласман и титула во Лигата на Шампионите, како што тоа беше случај годинвие, следната сезона тимот на Ливерпул ќе игра во Лигата на Европа. По триумфот на Манчестер Јунајтед синоќа од 4:1 над Челзи, стана јасно дека тоа е тимот кој ќе биде четврти на табелата, додека Ливерпул ќе мора да остане место подолу.

Овој факт и тоа како го погоди искусниот Мохамед Салах, кој сезонава постигна 30 голови во сите конкуренции.

Тотално сум разочаран“  – напиша репрезентативецот на Египет на социјалните мрежи.

„Нема ама апсолутно никакво оправдување за ова. Имавме се што ние е потребно за да дојдеме до Лигата на Шампионите следната сезона и не успеавме. Ние сме Ливерпул, и пласманот во ЛШ е минимумот што можеме да направиме. Жал ми е, но прерано е да пишуваме мотивирачки и оптимистички пораки. Ве изневеривме и вас и себеси“ – рече Салах.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mohamed Salah (@mosalah)


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ