Иако се очекуваше далеку поголема минутажа, со оглед на фактот дека му ја донесе победата против Ст.Мирен, сепак Бојан Миовски на денешното вечно дерби на Шкотска или „Олд Фирм“, доби само неколку минути да заигра за Ренџерс. Македонецот влезе во игра во 87.минута кога беше се готово, кога неговиот тим веќе водеше со 3:0 и кога се знаеше дека Ренџерс е победник и со пласман во 1/2 финалето во Лига Купот на Шкотска.
Штета, Миовски секако заслужува поголема минутажа, тоа го покажа на минатиот меч Ст. Мирен, но тоа е.
Инаку самиот меч на “Ајброкс“ беше спектакл. Соиграчите на нашиот Бојан Миовски просто го прегазија својот архи – ривал со 3:0 со головите на два гола на Неил и еден на Келси.

