Фудбалерите на Борусија (Д) ја забележаа четвртата последователна победа во Бундеслигата, бидејќи вечерва како гости го совладаа тимот на Штутгарт со резултат од 0:2. „Милионерите“ продолжија со потера по лидерот Баерн и повторно ја намалија разликата на девет бода, додека Штутгарт остана на делба на третото и четвртото место со РБ Лајпциг.
Головите за победа на гостите беа постигнати во судиското продолжение. Имено, Карим Адејеми постигна гол во 90+4-та минута за водство од 0:1, а само две минути потоа Јулијан Брант зголеми и на 0:2.

