Милан со минимална победа во Џенова, Мањан доби црвен картон па на голот застана Жиру (видео)

7. 10. 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Милан со минимална победа во Џенова, Мањан доби црвен картон па на голот застана Жиру (видео)

 

Со голот на Кристијан Пулишиќ во 88 минута екипата на Милан прокнижи три бода на гостувањето кај Џенова во меч од Серија А. Тоа беше тврд меч во кој „росонерите“ кои важеа за фаворити, се обидуваа да го скршат отпорот на противникот, а тоа му успеа на Пулилиш во финишот на мечот.

А во 90 минута голманот на Милан, Мајк Мањан направи груб прекршок надвор од шеснаесетникот откако „нокаутира“ двајца играчи на Џенова во обид да расчисти ситуација, а судијата му покажа црвен картон. На голот застана напаѓачот Оливие Жиру. Домашните имаа прекрасна шанса во седмата минута од судиското продолжение да изедначат, но од слободен удар ја погодија пречката.

Интересно, во 13. минута од судиското продолжение и голманот на Џенова, Мартинез доби црвен картон поради прекршок надвор од шеснаесетникот. Но веќе во следната акција судијата свирна крај.

Чуварот на мрежата на „росонерите“ ќе го пропушти идниот меч против Јувентус.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата