Милан победи по пауза од два натпревари

20.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Милан победи по пауза од два натпревари

Фудбалерите на Милан одиграа фантастичен меч во Серија А и ја совладаа екипата на Лече со 3:0. Ова е трета победа за Милан сезонава откако „росонерите“ ремизираа во претходните два натпревари.

Кристијан Пулишиќ го отвори резултатот во 14-тата минута, а освен него стрелци беа и Рабио во 61-та и Мореира во 73-тата минута. Со оваа победа Милан се искачи на 5-тото место на табелата со 11 бода, а Лече се наоѓа на 12-тата позиција со 6 бода.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата