Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Милан падна и во Удине, Ибрахимовиќ највозрасен стрелец во Серија А (видео)

18 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Нов кикс на Милан во Серија А. „Росонерите“ вечерва изгубија на гостувањето кај Удинезе со 3:1 со што си ја загрозија позицијата за место во ЛШ (Рома може да ги претекне ако победи на својот меч). Бранителот на титулата трет меч по ред не знае за победа, а ова му е втор пораз во таа серија, односно седма сезонава.

Переира го доведе Удинезе во предност, а изедначи Ибрахимовиќ од пенал во 45+3 минута. Швеѓанецот прво го промаши пеналот, но истиот беше повторен и тој погоди. Со тоа стана највозрасниот стрелец на гол во најсилната италијанска лига (41 година и 166 денови).

Но во наредната акција Удинезе ја врати предноста со погодокот на Бето.

Во второто полувреме „зебрите“ постигнаа уште еден гол преку Ехизибуе и ја заверија победата над „росонерите“, прва после август 2019 година.

 


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ