Милан е во полуфиналето на Купот на Италија, деби-гол на Жоао Феликс

5.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Милан е во полуфиналето на Купот на Италија, деби-гол на Жоао Феликс

Фудбалерите на Милан се пласираа во полуфиналето на италијанскиот куп, откако вечерва на домашен терен со 3:1 го победија тимот на Рома. „Росонерите“ одиграа многу подобар меч од противникот и заслуженос е најдоа меѓу четирите тима кои ќе се борат за куп трофејот оваа сезона.

Милан успеа да поведе со голот на Тами Абрахам во 16. минута, а истиот фудбалер пред крајот на првото полувреме со својот втор погодок на Милан му донесе голема предност од 2:0.

Од стартот на вториот дел гостите се обидуваа да го преземат ритамот на мечот, а успеаја во 54. минута преку Украинецот Довбик да искористат една шанса и да намалат на 2:1. Откако Консеисао ги внесе во игра новите засилувања Жоао Феликс и Сантијаго Хименез, првиот со гол во 72. минута ја потврди победата на Милан.

Освен Милан, пласман во полуфиналето обезбеди и Болоња. Последните два полуфиналисти ќе бидат познати по мечевите кои се на програмата на 25 и 26 февруари.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата