Меси уште еднаш се огласи: Сè уште имам толку многу да кажам…веќе ми недостига “сино – белиот“ дрес!

7.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меси уште еднаш се огласи: Сè уште имам толку многу да кажам…веќе ми недостига “сино – белиот“ дрес!
ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/

Лионел Меси се збогуваше со репрезентацијата на Аргентина со емотивна порака откако го одигра својот последен натпревар во дресот на репрезентацијата. Ден по натпреварот против Бенин, Меси објави порака на социјалните мрежи во која им се заблагодари на семејството, соиграчите, тренерите, клубовите за кои играше и навивачите кои го следеа во текот на повеќе од две децении од неговата репрезентативна кариера.
„Вчера беше мојот последен натпревар и веќе ми недостига носењето на небесно сино-белиот дрес. Знам дека ја носам вистинската одлука. Беше неверојатно патување, исполнето со радост, но и тага, но едно знам сигурно – секој чекор што го направив вредеше“, напиша Меси.
Аргентинецот истакна дека му е тешко да опише со неколку зборови сè што чувствува по завршувањето на неговата репрезентативна кариера. „И сè уште имам толку многу да кажам. Невозможно е да се изрази сè што чувствувам со неколку зборови или во еден пост. Ова патување не би било можно без моето семејство, кое секогаш беше покрај мене и ме поддржуваше, особено во тешки моменти кога најмногу ми беа потребни.“
Тој изрази посебна благодарност до своите пријатели, соиграчи и тренери со кои работеше за време на неговата репрезентативна кариера.
„Моите пријатели, сите соиграчи и тренери што ги имав, заедно со нивните стручни штабови, беа исто така од непроценливо значење. Не сакам да го заборавам Диего, кој ја стави нашата земја таму каде што припаѓа и кој, како што секогаш велам, знам дека ни помагаше додека беше тука со нас, но и од небото, со секој наш чекор.Секогаш кога беше потребно. Благодарам на клубовите за кои играв, бидејќи тие секогаш ги почитуваа моите чувства и ми дозволија да се посветам на мојата земја кога дојде време да го облечам дресот на репрезентацијата“.
На крајот, тој му се заблагодари и на Бога, на кого му припиша дел од заслугите за сè што постигна со Аргентина.
„И секако, фала му на Бога – без Неговото водство и Неговата волја, не би ни сонувале дека ќе можеме да стигнеме до тука. Неизмерно сум благодарен. Ве сакам сите многу, ќе ми недостигате и засекогаш ќе ви бидам благодарен што сте со нас, со мене“, заклучи Меси.

Меси дебитираше за аргентинската репрезентација во 2005 година, а во текот на повеќе од 20 години во националниот тим, ја освои Копа Америка, Светското првенство и голем број други трофеи и награди.
Тој се збогува со репрезентацијата како капитен и еден од најуспешните фудбалери во историјата на аргентинската репрезентација.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата