Меси стигна до 903. гол во кариерата (ВИДЕО)

5.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меси стигна до 903. гол во кариерата (ВИДЕО)
фото: Messias @Messias30_ (X)

Ѕвездата на Интер Мајами, Лионел Меси, постигна гол во натпреварот од МЛС против Остин кој синоќа заврши без победник, 2:2.

Ова беше 903-тиот гол во кариерата на 38-годишникот во 1.146 одиграни натпревари. Меси има и 407 асистенции.

Меси има постигнато 672 гола за Барселона, 116 за репрезентацијата на Аргентина, 81 за Интер Мајами и 32 за ПСЖ.

Кристијано Роналдо , кој игра за Ал-Наср , има постигнато 967 голови во кариерата.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата