Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси, зборуваше за новиот стадион на тимот, чија источна трибина ќе биде именувана во негова чест.
„Искрено, тоа е неверојатна глетка! Новиот стадион е неверојатен. И навистина е посебно чувство да се доживее со тимот. Дефинитивно ќе биде посебен ден за клубот. Новиот стадион е навистина импресивен и да имаме свој стадион за толку кратко време е неверојатно. Наскоро ќе дојде денот кога сите во клубот, навивачите и ние самите ќе можеме да уживаме во него. Првиот што ќе игра на овој стадион ќе биде навистина среќен“, рече Меси во видео објавено на официјалната страница на клубот на социјалните мрежи.
🗣️ Leo Messi: “Nu Stadium is truly impressive. It’s going to be a beautiful day.” pic.twitter.com/sXeBbpe9V2
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) April 3, 2026
First session. First feel 🙌. These are some Nu firsts in Nu Stadium pic.twitter.com/PT7UJ0PJbu
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) April 2, 2026

