Мбапе тренира и ќе биде во комбинација викендов

15.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мбапе тренира и ќе биде во комбинација викендов
ФОТО:Real Madrid C.F./FB

Килијан Мбапе денеска беше дел од тренингот на Реал Мадрид, што значи дека е во комбинација за викенд дуелот на „Кралевите“ против тимот на Леванте кој што се игра в сабота.

Мбапе се мачи со повреда на коленото веќе еден месец, и беше во составот на суперкупот против Барселона, но не и на вчерашниот дуел од Купот на Шпанија во кој Реал загуби од Албасете.

Родриго и Антониот Рудигер тренираа индивидуално, но се очекува да бидат подготвени за натпреварот со Леванте. Карвахал се врати на теренот за натпреварот против Албасете, откако немаше проблеми од натпреварот и исто така ќе биде достапен.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата