Мбапе се посрамоти, но затоа Еспи е херојот на Реал!

21.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мбапе се посрамоти, но затоа Еспи е херојот на Реал!
ФОТО:facebook.com/RealMadrid/

Реал Мадрид – Селта 2:1 е исходот од вечерашниот меч од 13.коло во Ла Лига, тоа по пресврт ако се знае дека гостите имаа водство од 0:1 на велелепниот „Сантијаго Бернабеу“.

Карлос Еспи е херојот на “кралевите“ и тоа поради фактот дека при резултат 1:1, тој во 85.минута го постигна победничкиот гол. Претходно Килијан Мбапе прописно се посармоти откако во 38.минута на 0:1 не реализира пенал, поточно не го погоди голот како на времето Серхио Рамос.

Селта уште во 6.минута ги шокира сите на “Бернаеу“, каде што во ложата беше и новиот директор на клубот, Рафаел Надал, кога со голот на Дуран поведе со 0:1.

На 1:1 израмни Белингам во 66.минута а потоа Еспи во финишот донесе победа.

Со оваа победа Реал Мадрид сега има 33 бодови, исто колку и лидерот Барселона, но има и меч повеќе.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата