Мбапе: Без навреда, но тоа е лошо прашање…

27.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мбапе: Без навреда, но тоа е лошо прашање…

Реал Мадрид синоќа победи со 4-3 против Олимпијакос, а Килијан Мбапе постигна четири гола во фантастичен настап. Францускиот фудбалер се најде во центарот на вниманието за тоа што се случи додека даваше изјава за медиумите.

Еден од шпанските новинари го праша Мбапе дали Реал Мадрид е премногу зависен од него, а на францускиот напаѓач не му се допадна многу прашањето.

„Зависност од Мбапе? Без навреда, но тоа е лошо прашање. Секој играч во тимот има своја работа, а мојата е да постигнувам голови. Без придонесот на сите играчи, нема победа“, рече Мбапе и додаде:

„Воопшто не размислувам за тоа што ме прашавте, бидејќи тоа е тема што е интересна само за вас новинарите.“

Тој се осврна и на „кризата“ во Реал и приказната дека атмосферата во соблекувалната на „кралевите“ не е најдобра откако дојде Чаби Алонсо.

„Мораме да се заштитиме себеси, тренерот и стручниот штаб. Сакаме навивачите да ја почувствуваат нашата сплотеност и дека сите одиме во иста насока. Бродот може да падне во бура, но никој нема да скокне од неа. Работиме заедно и даваме сѐ од себе за да ги освоиме сите трофеи оваа сезона“, заклучи Французинот.

Патем, по пет кола, Реал Мадрид е на петтото место со 12 бода и е блиску до директно пласирање во осминафиналето на ова натпреварување.

Во следната рунда нè очекува нов спектакл, бидејќи Реал ќе го пречека Манчестер Сити пред своите навивачи. Тој натпревар ќе се игра на 10 декември, со почеток во 21 часот.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата