Мароко по пенал-серијата ја исфрли Нигерија и закажа финале против Сенегал

14.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мароко по пенал-серијата ја исфрли Нигерија и закажа финале против Сенегал
фото: Afcon (X)

Фудбалерите на Мароко остварија победа по пенал-серијата против репрезентацијата на Нигерија, откако регуларниот дел од овој полуфинален меч заврши со резултат 0:0. Во финалето, Мароко ќе се соочи со репрезентацијата на Сенегал, која преку Египет стигна до финалето.

Во регуларното време немаше погодоци, а гол не падна ни во продолженијата. Двете екипи играа многу резервирано и се изгледаше како да се чека крајот на натпреварот. По 120 минути игра, играчите пристапија кон изведување на пеналите. Во првата серија Ел Ајнауи и Онуачу беа сигурни, а во втората серија и Игамане и Чуквуезе не ги искористија своите пенали. Во третата серија погодија Бен Сегир и Деле-Баширу, а во четвртата серија прецизен беше Хакими, но Онјемаечи не го искористи својот пенал. Точка на натпреварот стави Ен-Несири со гол во петтата серија.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата