Дали Манчестер Сити успеа да се рехабилитира по оној срамен пораз во Норвешка во ЛШ кај Бодо/Глимт? Имено попладнево во меч од 23.коло во Преиерлигата, успеа со 2:0 да го победи составот на Вулверхемптон. Стрелци на головите на “граѓаните“ беа Мармуш во 6.минута и Семењо во судиското продолжение во првото полувреме. Со оваа победа сега Сити му се приближи на лидерот Арсенал на 4 бода, но има и меч повеќе.
Фулам со 2:1 славеше против Брајтон, иако гостите поведоа со 0:1 во првиот дел.
Тотенхем со гол во 90.минута на Ромеро успеа да се спаси од пораз на гости кај Барнли. Гостите поведоа со голот на Ван де Вен, за да Барнли направи пресврт и водеше со 2:1 до таа 90.минута кога Ромеро го спаси својот тим од пораз.

