Мајорка му врачи отказ на тренерот Арасате

24.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мајорка му врачи отказ на тренерот Арасате
фото: Screenshot

Мајорка го отпушти досегашниот тренер на екипата Јагоба Арасате. Тимот загуби со 2-0 од Селта Виго во 25. коло од Ла Лига, забележувајќи го третиот последователен пораз.

„Одлуката, донесена по анализа на спортската ситуација, е водена од желбата на клубот да започне нова фаза со цел промена на моменталната динамика и пристап кон преостанатите задачи од сезоната со максимални гаранции“, се вели во соопштението на клубот.

Мајорка е во зоната за испаѓање во Ла Лига , на 18-то место со 24 бода по 25 кола.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата