Лукаку одбил да тренира во Наполи, му следи суспензија и раскинување на договорот

31.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лукаку одбил да тренира во Наполи, му следи суспензија и раскинување на договорот

Ромелу Лукаку има огромни проблеми. Белгиецот се опоравува од повредата на препоните која што сезонава му дозволи да одигра само седум мечеви, и сеуште не е 100% подготвен за да се врати на терен.

За време на репрезенаттивната пауза, тој доби повик за Белгија што нормално го одби, затоа што не е подготвен, но одби и да тренира со играчите кои што не се повикани за репрезентација и останаа во Наполи.

Клубот веднаш реагираше и ја соопшти оваа ситуација преку официјално обраќање, а што ќе следи остануав да видиме.

Најпрво ќе следи суспензија најверојатно, а потоа и раскин на договорот. Лукаку пристигна во Наполи по 30 милиони вредниот трансфер од Челзи.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата