Попладнево од терминот од 16 часот се одиграа четири меча од 20.коло во Премиерлигата.
Се играше 90+4.минута на мечот Фулам – Ливерпул при резултат 1:1,Гакпо постигна гол за водство на гостите. И кога сите си помислија дека тоа е тој победнички гол за “Редси“, така не мислеше Рид кој со фантастичен гол, еден од најубавите сезонава во ПЛ, во 90+7.успеа да ги постави конечните 2:2.
Да кажеме и тоа дека Фулам во 17.минута преку Вилсон поведе со 1:0, за да во 57.минута Вирц израмни на 1:1.А во судиското продолжение ЛУДИЛО.
На останатите средби Њукасл како домаќин успеа со 2:0 да го победи Кристал Палас и тоа со головите на Бруно Гимараеш и Тиао во второто полувреме.
Тотенхем повторно не победи како домаќин, одигра само 1:1 против Сандерленд. Дејвис во 30.минута донесе водство на домашните, за да во 80.минута гостите преку Броби израмнија.
Брентфорд како гостин го победи Евертон со 2:4.

