ЛШ плеј-оф: Уф, каков спектакл! Пеп и Сити против Дон Карло и Реал Мадрид!

31.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛШ плеј-оф: Уф, каков спектакл! Пеп и Сити против Дон Карло и Реал Мадрид!

Денеска во Нион се одржа ждрепката за плеј – офот во нокаут фазата во Лигата на Шампионите или за 1/16 финалето во новиот формат. Се знаеше и претходно дека ќе има спектакл, а сега тоа е и официјално.

Манчестер Сити за ривал во оваа фаза го доби Реал Мадрид, првиот натпревар се игра на „Етихад“ во Манчестер, а реваншот во Мадрид.

Натпреварите се играат на 11/12 и 18/19 февруари, победниците од овие двомечи ќе играат во 1/8 финалето каде веќе се пласирани екипите на Ливерпул, Барселона, Арсенал, Интер, Атлетико Мадрид, Леверкузен, Лил и Астон Вила.

ДВОЈКИ ЗА ПЛЕЈ – ОФОТ

БРИЖ – АТАЛАНТА

СПОРТИНГ – ДОРТМУНД

МАНЧЕСТЕР СИТИ – РЕАЛ МАДРИД

СЕЛТИК – БАЕРН МИНХЕН

ЈУВЕНТУС – ПСВ

ФЕЕНОРД – МИЛАН

БРЕСТ – ПСЖ

МОНАКО – БЕНФИКА


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата