Во меч со дури шест голови, фудбалерите на Ајакс ја остварија првата победа оваа сезона во Лигата на шампионите, откако вечерва славеа со 2:4 на гостувањето кај екипата на Карабах. Домашните двапати водеа, но во финишот дозволија холандскиот гигант да направи целосен пресврт.
Дуран во 10. минута го донесе Карабах во водство од 1:0, по што Долберг израмни на 1:1 во 39. минута. На стартот на вториот дел домашните преку Матеус Силва се вратија со предност од 2:1, но од 79 до 90. минута Ајакс направи целосен пресврт со три гола во серија (Глух, Гаеи, Глух) за конечни 2:4.
Виљареал продолжи со очајните настапи во најсилното европско натпреварување, откако вечерва го претрпе и петтиот пораз. „Жолтата подмнорница“ загуби дома од ФК Копенхаген со 2:3 и со тоа остана на само еден освоен бод досега.
За ФК Копенхаген ова беше втора победа во шест одиграни меча во ЛШ.

