ЛШ: Галата одигра како во транс и го УНИШТИ Јуве!

17.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛШ: Галата одигра како во транс и го УНИШТИ Јуве!
ФОТО:facebook.com/Galatasaray

Во првиот меч од нокаут – фазата во Лигата на Шампионите, Галатсарај на свој терен успеа да го победи Јувентус со 5:2. Избраниците на стратегот Окан Бурук, одиграа феноменално, одиграа како во транс на својот стадион во Истанбул и просто го декласираа италијанскиот гигант. Па така сега Галата е на чекор до 1/8 финалето, а Јуве е пред елиминација, иако има и реванш во Торино.

Габриел Сара во 15.минута ги “запали“ домашните фанови за водство од 1:0. Но, следуваше пресврт. Само минута подоцна Копмајнерс израмнува на 1:1, за да во 32.минута истиот играч ја замолкна публиката на “Рамс Парк“ во Истанбул за 1:2.

Турскиот тим во тие моменти беше изгубен, но во второто полувреме покажа сила и моќ. Во второто полувреме Ланг, Санчез и Боу стрелаа за нов пресврт, за 5:2. Треба да се каже дека Јуве од 67.минута играше со играч помалку по исклучувањето на Кабал.

Окан Бурук,тренерот на Галата, некогашен играч на Интер, и како фудбалер и како тренер ќе ја памети оваа вечер. Ова е негова прва победа над Јуве.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата