Атлетико (М) и Арсенал завршија без победник, 1:1 во второто полуфинале во Лигата на шампионите. Во цврст меч со неколку добри шанси, на крајот ремито можеби е и реален однос на силите на теренот.
Двата гола кои вечерва ги видовме на „Метрополитано“ дојдоа од белата точка. Со оглед на пристапот на играта и цврстата дефанзива која ја имаат и двата тима, сосема беше очекувано дека фокусот и Симеоне и Артета ќе го темелат на црвстата одбрана.
Сепак, во напливот на обиди и на двете страни видовме две грешки кои беа казнети со пенали. Напрво Арсенал дојде до водство од 0:1 во првото полувреме, откако во 43. минута Ханцко го собори Ѓокереш, а судијата покажа на белата точка. Швеѓанецот беше прецизен за предност на „топчиите“.
На стартот на вториот дел по една шутирана топка од Љиренте, Бен Вајт играше со отворена дланка, а по ВАР прегледувањето, судијата Макиеле покажа на белата точка и за домашните. Со својот 20 сезонски гол, Хулијан Алварез донесе израмнување за 1:1.
До крајот видовме уште по неколку убави шанси, но мрежите мируваа, а одлуката за патникот во финалето ќе ја донесе реваншот во Лондон идната недела.

