ЛШ – 6.коло: Мега – пресметка на ТИТАНИТЕ! Дали вечерва Чаби Алонсо ќе биде бивши?! Елмас и Наполи на гости кај Мурињо!

10.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛШ – 6.коло: Мега – пресметка на ТИТАНИТЕ! Дали вечерва Чаби Алонсо ќе биде бивши?! Елмас и Наполи на гости кај Мурињо!
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Вечерва на програмата се останатите девет средби од 6.коло во Лигата на Шампионите. Јасно е дека сите погледи се свртени кон „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид каде во мега – пресметка на ТИТАНИТЕ, силите ќе ги одмерат Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Ова е меч за фудбалско уживање, ова е меч по кој ќе се знае дали вечерва Чаби Алонсо, ако “Кралевите“ бидат поразени, ќе биде бивши стратег на Реал Мадрид? Дали неговиот некогашен тренер, во времето кога и двајцата беа во Баерн Минхен, се разбира дека тука мислиме на Пеп Гвардиола ќе му “пресуди“.

Светот е на нозе, секогаш е така кога играат Реал и Сити.

Интересно ќе биде во Лисабон каде Елиф Елмас и Наполи му гостуваат на Жозе Мурињо и неговата Бенфика. Според најавите македонскиот репрезентативец би требало да биде стартер.

Ова се сите двојки за вечерашното 6.коло во ЛШ:


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата