ЛШ-5.коло: Спектакл во Лондон, Елмас и Наполи го пречекуваат Карабах!

25.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛШ-5.коло: Спектакл во Лондон, Елмас и Наполи го пречекуваат Карабах!
фото: FC Barcelona (X)

Вечерва продолжуваат возбудувањата во Лигата на Шампионите, во најквалитетното клупско европско натпреварување. Се играат првите девет меча од 5.коло во ЛШ.

Секако дека најинтересно треба да биде на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон каде силите ќе ги одмерат Челзи и Барселона. Во минатото овие две екипи и тоа како воделе “војни“ во ЛШ. Голот на Торес на “Камп Ноу“, судијата Овребо и голот на Иниеста на “Стемфорд Бриџ“, но сега тоа е историја, време е за ново поглавје во фудбалската Лига на Шампионите кога с ево прашање Челзи и Барселона.

Елиф Елмас и Наполи го пречекуваат Карабах под Везув. Македонскиот репрезентативец се најавува како стартер.

Интересно би требало да биде и на „Итихад“, каде Манчестер Сити игра со Леверкузен како домаќин.

Во продолжение можете да ги видите сите двојки од ова 5.коло во ЛШ за вечерва:


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата