ЛШ -5.коло: Мега – дуел на „Емирејтс“ – Арсенал VS Баерн!

26.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛШ -5.коло: Мега – дуел на „Емирејтс“ – Арсенал VS Баерн!
ФОТО: Arsenal/FB

Вечерва во вообичаените термини закажани се уште девет меча од 5.коло во Лигата на Шампионите. Секако дека во преден план е мега – дуелот на двете најдобри екипи во моментов во Европа. Арсенал против Баерн Минхен, екипи кои “газат“ во своите првенства а досега во Лигата на Шампионите се на првите две места на табелата со по „четири од четири“, и ако продолжат со ова темпо секако дека ќе бидат најсериозни аспиранти и за освојување на најдрагиоцениот пехар во клупскиот фудбал.

Ова ќе биде пресметка и на тренерите Микел Артета и Винсент Компани, ова ќе биде пресметка за целосно фудбалско уживање. Секоја чест за Барса, Реал, Сити, ПСЖ, Ливерпул…но во овој момент Арсенал и Баерн се најатрактивните и најдобри екипи во Европа.

Интер е трет кој има максимални бодови, но вечерва ќе гостува кај Атлетико Мадрид. По поразот во градското дерби од Милан, европскиот вицешампион посакува да се издигне, но ќе видиме дали ќе успее во тоа. „Ранетиот“ Ливерпул игра дома со ПСВ, а ПСЖ го дочекува Тотенхем, додека Реал Мадрид му гостува на Олимпијакос.

Ова се најатриктивните двојки за вечерва а во продолжение ќе можете ја видите целата вечерашна програма за 5.коло:


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата