Лофтус-Чик има скршена вилица, мора на операција

22.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лофтус-Чик има скршена вилица, мора на операција
фото: Chelsea Dodgers (X)

Играчот од средниот ред на Милан, Рубен Лофтус-Чик, ќе биде подолго време надвор од игра поради повредата која ја заработи на натпреварот против Парма (0:1).

Во 8-та минута од натпреварот од 26-то коло на Серија А, голманот на Парма, Едоардо Корви, удирајќи ја топката по додавањето на Алексис Салемакерс во шеснаесетникот, го удри Лофтус-Чик, по што фудбалерот падна на земја. Англичанецот го напушти теренот на носилки, со мобилизиран врат.

Според новинарот Џанлука Ди Марцио, Лофтус-Чик бил однесен во болница. На играчот од средниот ред му била дијагностицирана фрактура на алвеоларна коска, поради што наскоро ќе биде опериран. Се очекува неговото закрепнување да трае неколку месеци.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата