Лоботка го пропушта дербито со Јувентус

4.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лоботка го пропушта дербито со Јувентус

Екипата на Наполи ќе мора дербито против Јувентус, кое се игра в недела во рамките од новото коло од Серија А шампионатот, да го одигра без еден од своите најстандардни фудбалери.

Станислав Лоботка се повреди неделава и нема да може да помогне следниот викенд.

Ако на ова се додадат и повредените, Кевин Де Брујне, односно Ангиса и Гилмур, тогаш ситуацијата е следна.

Единствени кои се на располагање на тренерот Конте се Скот Мек Томинеј и нашиот Елиф Елмас кој што многу веројатно ќе добие шанса на овој меч, а можно е и да стартува.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата