ЛН: Црна Гора со гол во 91. минута обезбеди промоција во Б-лигата

12.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛН: Црна Гора со гол во 91. минута обезбеди промоција во Б-лигата
фото: Tonybet Virslīga @FutbolaVirsliga (X)

Фудбалската репрезентација на Црна Гора обезбеди пласман во Б-лигата на нациите откако на домашен терен ја совлада Летонија со 2:1, и тоа со играч помалку во поголемиот дел од второто полувреме. Херој на домаќините беше дебитантот Алекса Мараш, кој го постигна победничкиот гол во 91. минута.

Црногорците останаа со десетмина во 57. минута, кога капитенот Стефан Савиќ доби втор жолт картон поради приговор кон судијата. И покрај бројчаната инфериорност, избраниците на Мирко Вучиниќ поведоа во 70. минута со голот на Никола Крстовиќ, кој со глава ја искористи одличната топка од Јанковиќ. Радоста на домаќините траеше кратко, бидејќи Мелникс веќе во 73. минута израмни на 1:1 по корнер. Сепак, Црна Гора не се откажа, а во 91. минута Мараш ја затресе мрежата по вистинска драма пред голот на Летонија.

Претходно, во Ереван, Ерменија и Кипар одиграа 1:1, резултат кој дополнително им одеше во прилог на Црногорците. Со триумфот, „соколите“ го обезбедија првото место во групата Ц2 и промоција во Б-лигата на Лигата на нациите, коло пред крајот на натпреварувањето.

Фудбалската репрезентација на Албанија забележа важна победа од 2:0 над Финска во петтото коло од групната фаза во Лигата на нациите. Ернест Мучи го отвори резултатот во 35. минута. Само пет минути по почетокот на вториот дел, Реј Манај ја зголеми предноста на 2:0, по асистенција на Елсеид Хисај.

Белорусите со 2:0 ја совладаа селекицјата на Сан Марино.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата