Ливерпул е пред договор со уште едно дефанзивно засилување

19.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ливерпул е пред договор со уште едно дефанзивно засилување
фото: FC Bournemouth (X)

Според италијанскиот гуру за трансфери, Фабрицио Романо, Ливерпул е многу блиску до ангажман и на второто летно засилување. Според информациите објавени денеска, Милош Керкез од Борнмут ќе биде нов лев бек на „црвените“.

Преговорите со раководството на Борнмут напредуваат брзо, а блиску е и договор со самиот играч во врска со деталите од договорот. 21-годишниот лев бек би сакал да се приклучи на клубот во кој настапува и неговиот сонародник Доминик Собослај, а трансферот би можел да биде комплетиран наскоро, бидејќи клубовите веќе преговараат за точната сума за трансферот.

Керкез Милош одигра 36 лигашки натпревари оваа сезона, постигна два гола и имаше шест асистенции.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата