Лига на Конференции: Стразбур е на врвот, Шахтјор го следи во чекор

11.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лига на Конференции: Стразбур е на врвот, Шахтјор го следи во чекор

Фудбалската вечер во Европа ја затворија и дуелите од Лигата на Конференции кои започнаа од 21:00 часот.

Лидер во оваа конкуренција по ова коло е тимот на Стразбур, кој што славеше со 0:1 кај тимот на Абердин.

Шахтјор ја одработи задачата како фаворит на дуелот со Хамрун победувајќи со 0:2, додека пак на тимот на Раков на негов терен му беше потребен само еден гол за победа против Зрињски.

Ријека немаше проблем против тимот на Цеље во победата од 3:0.

На табелата нашата Шкендија е 21. а тоа го овозможи денешниот триумф против Слован на Арената со конечно 2:0. До крајот има да се одигра уште едно коло во кое тетовци гостуваат кај АЕЛ во Ларнака.

 

Резултати:

Абердин – Стразбур 0:1

Хамрун – Шахтјор 0:2

Купс – Лозана 0:0

Лех – Маинц 1:1

Линколн – Сигма 2:1

Раков – Зрињски 1:0

Ријека – Цеље 3:0

Шелбурн – Кристал Палас 0:3

Рапид – Омониа 0:1

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата