Со голот на Ноа Окафор, тимот на Лидс успеа на домашен терен попладнево да слави против екипата на Тотехнем со минимални 1:0 во рамките од првиот денешен дуел од Премиер лига програмата.
Интернационалецот од Швајцарија реализираше во 79. минута од мечот, а потоа гостите повеќе немаа доволно време за да се вратат во игра на овој меч.
Лидс со овој триумф стигна до 14 поени на своето конто и во моментов осма позиција на табелата, додека Тотенхем има два помалку и две места подолу е на редоследот во Англија во моментов.

