Изненадување или не? Во меч од 18.коло во Ла Лига, екипата на Леванте успеа да ја прекине непријатната серија лоши резултати и да слави на стадионот „Рамон Санчез Пихуан“ со резултат од 0:3 против Севиља.
Гостите беа поконкретен ривал во првите 45 минути, иако Севиља беше таа што го имаше поседот, а најубавиот детаљ беше на самиот крај од полувремето кога Леванте поведе со 0:1.
Импресивна акција, повеќето играчи играа од првиот контакт со топката, а потоа Ромеро додава до Лозада кој постигнува гол за предност на гостите.
Апсолутна контрола на топката на Севиља во второто полувреме, но без закана од голот на Леванте, имаа над 70% посед, што не им беше доволно и наместо нерешен резултат, видовме уште еден гол во мрежата на домашниот тим.
Во 77-та минута, уште една магична акција на Леванте, импресивна контра, додавање од Моралес со пета за Еспи, кој рутински постигнува гол за 0:2!
Во судиското продолжение, пенал за Севиља, Ромеро ја презеде одговорноста и шутираше, го одбрани Рајан, а потоа и втор пат со глава.
Ни тоа не беше сè, Леванте постигна уште еден гол во петтата минута од судиското продолжение кога Алварез погоди за конечните 0:3.
sportmedia.mk

