Л’Екип: Реал го решава стоперскиот проблем со играч вреден 100 милиони евра

5.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Л’Екип: Реал го решава стоперскиот проблем со играч вреден 100 милиони евра

Реал Мадрид ја започна оваа сезона како актуелен освојувач на два големи трофеи. Под водство на Карло Анчелоти, тие минатата година ја освоија Лигата на шампионите и Ла Лига, но оваа година се соочуваат со можноста да останат без ниту еден трофеј. Сè уште постои теоретска шанса да ја одбранат титулата шампион на Шпанија, но Барселона има значителна предност, а на Реал ќе му треба вистинско чудо за да се врати.

Претседателот на клубот, Флорентино Перез, тешко може да го поднесе фактот дека Каталонците во моментов се пред нив. Барселона го надигра Реал оваа сезона, што предизвикува големо незадоволство во Мадрид. Перез сака веднаш да се врати на врвот. Од летото, Чаби Алонсо најверојатно ќе ја преземе клупата, а се планираат и значајни засилувања.

Трент Александар-Арнолд веќе е договорен како ново решение на десната страна од одбраната, а Перез сега планира да доведе и стопер, бидејќи Реал имаше многу проблеми со повреди во задната линија оваа сезона. Целта е избрана. Реал сака да го ангажира Вилијам Салиба од Арсенал, и се подготвени да платат 100 милиони евра за да го доведат.

„Вилијам Салиба е приоритет за Реал Мадрид. Перез го сака како лидер во одбраната во наредните години“, вели францускиот „Л’Екип“, додавајќи: „Салиба отсекогаш имал посебна врска со Реал. Тој го смета овој клуб за најголемо можно достигнување за еден играч. Тоа е единствениот клуб што би можел да го привлече покрај Арсенал“.

Во изминатите недели беа спроведени преговори со сите страни поврзани со трансферот. Клубот го сака на лето или во најлош случај во летото 2026 година. Арсенал наводно е отворен за преговори, но го бара Аурелиен Чуамени за замена. Реал, според тврдењата, не ја исклучува можноста за размена со финансиска компензација.

Салиба е член на Арсенал од 2019 година, кога пристигна од Сент Етјен, а во меѓувреме беше позајмен во Сент Етјен, Ница и Марсеј. По нив, тој стана стандарден играч во лондонскиот клуб. Тој е редовен член на француската репрезентација, за која досега има настапувано 28 пати.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата