Легендарниот Луческу имал срцев удар на тренинг, пред последниот меч во кариерата!

29.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Легендарниот Луческу имал срцев удар на тренинг, пред последниот меч во кариерата!

Мирчеа Луческу (80), утринава во тренинг – базата, на тренингот на селекцијата на Романија имал срцев удар и веднаш бил пренесен во болница во Букурешт. Еден од најтрофејните тренерски имиња во светот на фудбалот, веројатно наславното име во романскиот фудбал, заедно со своите избраници, се подготвуваше за својот последен меч во кариерата, оној во вторник против Словачка во Братислава, кој исто како и нашиот во Даблин, сега веќе е пријателски.Откако се онесвестил, веднаш била повикана Брза помош и бил пренесен во болница.

Како што пренесуваат медиумите во Романија, во моментот на пристигнување во Универзитетската болница, Мирчеа Луческу сè уште беше длабоко изнемоштен, бидејќи го донесоа лекарите на носилка. Според информациите што лекарите им ги дадоа на новинарите, станува збор за срцева синкопа. Накратко, срцевата синкопа е предизвикана од срцеви заболувања, како што се аритмии, срцеви удари, проблеми со затворање на залистоците и така натаму, со споменување дека синкопата е најсериозната форма на манифестација на гореспоменатите проблеми. Синкопата се манифестира преку несвестица, што значи кратко и ненадејно губење на свеста, проблем кој се базира на срцева состојба.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата