Со првата победа во 2026-та, екипата на Милан се врати на чело на табелата во Серија А лигата. Вечерва на гостувањето кај Каљари, „росонерите“ славеа со 0:1 со единствениот гол на Рафаел Леао во 50-тата минута од мечот.
За Милан ова беше 11-та победа оваа сезона со која дојде до 38 бода, два повеќе од второпласираниот Интер, кој својот меч од ова коло ќе го одигра в недела против Болоња, по што со евентуална победа ќе може да се врати на првото место.
За Милан вечерва дебитираше и новото засилување, Германецот Филкруг, кој во Милано се пресели од лондонски Вест Хем. Филкруг влезе од клупата во второто полувреме.

