Екипите на Ференцварош и Астон Вила дојдоа до третата победа во досегашниот дел од натпреварите во Лигата на Европа. Вечерва во вториот дел од мечевите од новото коло, Астон Вила беше сигурна на домашен терен против Макаби ТА и славеше со 2:0, а сигурен настап на домашен терен имаа и Унгарците, кои славеа со 3:1 против бугарски Лудогорец.
Важна победа пред своите навивачи обезбеди и екипите на Бетис и ПАОК. Бетис во дерби дуелот на вечерта славеше против француски Лион со 2:0 нанесувајќи им втор пораз на Французите, додека екипата на ПАОК откако не успеа да погоди во првото полувреме, потоа во вториот дел го торпедираше голот на Јанг Бојс и стигна до убедлив триумф од 4:0.
Брага и Генк го одиграа најефикасниот натпревар вечерва во кој видовме 7 гола, а на крајот победата ја однесоа гостите со 3:4. Ренџерс на Миовски загуби дома од Рома со 0:2, додека Штутгарт со 2:0 славеше против холандски Феенорд.
Астон Вила – Макаби Тел Авив 2:0
Болоња – Бран 0:0
Ференцварош – Лудогорец 3:1
ПАОК Солун – Јанг Бојс 4:0
Ренџерс – Рома 0:2
Реал Бетис – Олимпик Лион 2:0
Брага – Генк 3:4
Штутгарт – Феенорд 2:0
Викторија Плзен – Фенербахче 0:0

