Белградска Црвена Звезда се враќа со голема победа од Франција, каде во првиот плеј-оф натпревар во Лигата на Европа славеше со минимални 1:0 на гостувањето против Лил. Французите беа значително ослабени за овој меч, а белграѓани тоа го искористија и со голот на Учена во финишот на првиот дел успеаја да слават.
Штутгарт се враќа со победа од Шкотска, каде вечерва со убедливи 4:1 го порази тимот на Селтик. Оваа победа за Германците е голем чекор кон осминафиналето.
Единствена домашна победа вечерва за бугарски Лудогорец која со 2:1 беше подобар од Ференцварош. Нерешено беше во Грција, каде Панатинаикос и Викторија Плзен завршија 2:2.
Селтик – Штутгарт 1:4
0:1 Ел Ханус 15′, 1:1 Нигрен 21′, 1:2 Ел Ханус 28′, 1:3 Левелинг 57′, Томас 93′
Лил – Црвена Звезда 0:1
0:1 Тебо Учена 45+1′
Лудогорец – Ференцварош 2:1
1:0 Дуа 23′, 1:1 Бамиделе 27′, Сон 67′
Панатинаикос – Викторија Плзен 2:2
0:1 Вишински 11′, 1:1 Тете 31′, 2:1 Тете 61′, 2:2 Ладра 80′

